ВИСОКО КВАЛИТЕТНИ МАШИНИ
ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ГРЕЈАЧИ

Најновата изведба на машината за поставување на срма врз цевки и грејни елементи нуди решение за побарувачката на зголемена продуктивност и безбедни услови за работа, благодарение на следниве карактеристики:

  • ЦНЦ системот со голема брзина за намотување на срма ја зголемува продуктивноста во споредба со традиционалните машини за намотување на срма.
  • Систем за притискање на цевката (по потреба): крајот на цевката се притиска во областа за полнење со цел да се овозможи намотување на металната лента (срма) околу цевката и изнесување на елементот без потреба од заварување на срмата со цевката. Операцијата за заварување може да се изврши подоцна од операторот надвор од машината, додека врз следниот елемент се поставува срма, со што се зголемува продуктивноста.
  • Единечно или повеќекратно затегнување на срмата: без потреба од додатна обработка или алат, затегнатоста и останатите параметри (како што се брзина на ротирање и позиција на срмата) може да бидат програмирани и повикани од контролниот панел.
  • Високо ниво на заштита и ниско ниво на бучава: операторот може безбедно да ја управува машината благодарение на заштитата и на нивото на бучава под 80 dB.
  • Промена на формат: индикаторите за положба се користат за утврдување на позициите на главата и влјакот на новата машина за поставување на срма, со што поставувањето се прави побрзо и полесно.
  • Автоматски котур за одмотување на лента - срма (по потреба): за намалување на прекините во производството.

Назад

 
 

Контакт

Е-пошта:
Е-пошта:
Телефон Битола:
+389 (0) 47 203 330
Телефон Скопје:
+389 (0)2 3298 130,
 
+389 (0) 2 3225 230
Факс / Тел:
+389 (0) 47 203 900
Мобилен:
+389 (0) 70 237 108