Дигитално контролираната универзална машина за свиткување е програмабилна и користејќи една или две единици за свитување е способна за свиткување на грејни елементи по една или повеќе рамнини во автоматизиран процес во различни облици, големини и агли.
Со нашата машина возможно е да:
- свиткате грејни елементи со различни должини со возможност за програмирање на толеранцијата на секој дел од грејниот елемент посебно (со прецизно димензионирање на елементите еден по еден).
- свиткате до 4 грејни елементи со должинска толеранција од +/- 1мм наеднаш во зависност од дијаметарот (без прецизно мерење).
- постигнете различен радиус на свиткување со софтверот за создавање на криви.
- ги зачувате податоците за елеастичност и факторот на истегнување при свиткување во однос на дијаметарот, типот на материјал и радиусот на свиткување.
- ги програмирате и спроведете, второстепените свиткувања, како и оние свиткувања кои не може да се направат во автоматскиот циклус.
- зачувате до 10.000 програми со едноставно и брзо машинско програмирање.
- видите 3D претстава на различни фази од свиткувањето, па дури и да ја претставите издржливоста на свитканите места како проверка за исправноста на програмирањето.
Кога се работи за мали до средни производни количини важно е да имате возможност за брзо и лесно подесување на формите и дијаметрите на различни грејни елементи, како и возможност да ги зачувате програмите за свиткување.
Оваа машина е дизајнирана така да овозможи производство и на само еден грејач (греен елемент) со исправни димензии, толеранции и агли на свиткување, така да нема потреба од проби (тестирање) на исправноста на свиткувањето.
Назад