Силната еколошка одговорност и целосната усогласеност со постојано растечките стандарди за еко одржливост ја истакнуваат нашата машина меѓу различните добавувачи на машини за чистење на намотки (грејачи). Модерните ограничувања за одредени категории на растворувачи како и одложувањето на користените материјали во процесот на одмастување на грејачите ја натераа индустријата да прекине со користењето на хлорирани разредувачи при оваа постапка.
Нашиот биоразградлив чистач за намотки е базиран на вода, обезбедувајќи ефикасно, растворливо и еко-одржливо решение во целосна кореспонденција со современите еколошки стандарди. Главниот проблем со процесот на намотување беше употребата на минерални масла за да се помогне во намотување на жицата околу вретеното. Ова го решивме со користење на специјален лубрикант чии главни компоненти се сапун и многу мало количество на растително масло. Нашиот лубрикант (подмачкувач) искористен во средството за чистење е растворлив во вода и целосно биоразградлив.